Четири часа откако дојде до прекин на електричната енергија меѓу неколку мрежи, струјата беше вратена во околу 50 проценти од погодените држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.
„2,3 милиони корисници беа погодени“, рече Хектор Лопез, директор на државната електроенергетска компанија на Мексико.
Прекинот, исто така, ги исклучи семафорите, предизвикувајќи сообраќаен хаос, при што само компаниите со генератори беа во функција, објави дописникот на агенцијата Франс-прес во Канкун.
Телекомуникациските услуги, исто така, беа во прекин два часа во делови од градот, но водата и болниците се чини дека не беа погодени од инцидентот.
Превземено: Вечер


