„Ајверијада“ во Босилово – дегустација на ајвар и богата културна програма

0
43

Во Општина Босилово, на 28 септември 2025 година, ќе се одржи традиционалната манифестација „Ајверијада“. Настанот ќе започне во 12:00 часот во центарот на селото со подготовка на македонскиот деликатес – ајвар.

Од 13:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дегустација на ајвар и други традиционални специјалитети, како и во богата културно-уметничка програма. Ќе настапат Борис и Билјана Димови, Перо Христов и КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица.

Организаторите ги покануваат сите љубители на македонската традиција и вкусна храна да се приклучат и да уживаат во оваа уникатна манифестација.