АМСМ: Сообраќајот непречен, внимателно на влажни коловози и можни одрони

0
55

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде е можна појава на одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин, кај км 14+200 (во близина на с. Петралица), воведен е времен режим на сообраќај поради градежни активности. Во текот на денот од 07:00 до 17:00 часот сообраќајот се регулира рачно со знаменца, а во останатиот период со светлосна сигнализација – семафори.