Вкупно 57 случаи на западнонилска треска се регистрирани во Србија оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Данас.
Меѓу заболените доминираат мажите (65 отсто), а просечната возраст е 68 години. Најмногу случаи до 21 септември се пријавени во областа на Белград – вкупно 23.
Сезоната на пренос на западнонилскиот вирус во Србија трае од јуни до ноември. Болеста се пренесува преку каснување од заразен комарец.


