Вчерашниот пожар во село Љуботен штипско. Во кој гореа две куќи е предизвикан од невнимание за што е уапсен 43 годишниот М.Е жител на селото.
Според пријавеното, тој го чистел својот двор, по што надвор од него запалил стари предмети и трева. Откако изгореле, местото го оставил незгаснато, во чад.
„Следниот ден, на 25.09.2025 околу 12:00 часот, поради ветер повторно избувнал оган, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со земјоделски алат сопственост на М.С. (47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа сопственост на В.Ѓ. (47) од Штип, дрвен електричен столб сопственост на Р.Р. (61) од Штип, како и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева“, известуваат од МВР.
Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Штип со помош на локалното население.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


