Викенд под облаци. Врнежи и пониски температури

0
73

Од денес до понеделник Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето.

Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на вчерашната.

Температурите ќе се движат од 9 до 18 степени минимални, а дневните ќе достигнат 17 до 22 степени.