Бугарија – Европското јавно обвинителство покренало дисциплинска постапка против својата членка од Бугарија, Теодора Георгиева

0
38

Колеџот на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) одлучи да покрене дисциплинска постапка против бугарскиот европски обвинител, се наведува во соопштение на Обвинителството, чие седиште е во Луксембург.

Во соопштението се посочува дека за време на дисциплинската постапка нема да бидат објавени никакви детали или дополнителни информации за случјот. Во него се додава и дека без да биде нарушена презумпцијата на невиност, Георгиева ќе остане под суспензија за време на траењето на дисциплинската постапка.

Георгиева беше суспендирана од вршење на должноста во март годинава кога врз основа на, како што беше посочено, анонимни дојави и видео снимки за нејзини наводни средби со „добро позната личност од криминалните кругови“ во Бугарија.