Вршителката на должност Амбасадорка на САД Никол Варнес го посети Вишото јавно обвинителство Штип, каде имаше средба со Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски, како и со шефовите на основните јавни обвинителства… со проширена надлежност од ова апелациско подрачје.
При посетата, таа била информирана за општите состојби и условите во кои работат обвинителствата во овој регион, недостатокот од човечки и материјални ресурси, како и со резултатите постигнати особено во предметите кои се однесуваат на борбата против корупцијата, трговијата со дрога и оружје.


