48-годишен штипјанец ја нападнал сопругата и завршил со лисици, 45-годишна пријавила напад од страна на машко лице во угостителски објект во Штип

0
60

„На 24.09.2025 во 23:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.Ш.(48) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 24.09.2025 во 21:20 часот во СВР Штип, Г.К.(45) од Штип пријави дека на 23.09.2025 околу 23:00 часот во угостителски објект во Штип била физички нападната од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во соопштението на СВР Штип.