40 евра за пешачење со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки.Од денес нови сообраќајни правила

0
39

Oд денес стапија во сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот – од сега пешачењето со телефон или преминувањето пешачки со тротинет се сметаат за прекршок.

-Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната изнесува 40 евра.
-Ако управувате тротинет, мотор или трактор користејќи електронски уред – казната е 50 евра.

Законот ги обврзува пешаците да бидат внимателни и да не користат уреди што го одвлекуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.
Од почетокот на следната година ќе следуваат и построги казни за возачите – за минување на црвено светло и непрописно паркирање, кои ќе се санкционираат преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Во многу европски држави вакви правила веќе подолго време се применуваат: во Франција казната за тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.

Со ова, Македонија стана една од земјите на Балканот со најригорозни мерки за пешаците и корисниците на тротинети.