Како што информираа од МВР, СВР Скопје го расчистиле случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој завчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал.
„Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, пронајдено е возилото “хонда сивик” и Х.М., кој го донел повредениот во болницата. Извршени се службени разговори и обдукција во Институтот за судска медицина и утврдено е дека починатиот турски државјанин додека работел на објект во изградба во населбата Стопански двор во Скопје, паднал од висина“, информираа од МВР.
За настанот е известен Инспекторат за труд и јавен обвинител.
Превземено: Скопјеинфо


