Македонија под удар на циклон. Обилен дожд, ветер и драстично заладување

0
79

Под влијание на циклон со центар над Џенова, во Македонија следува променливо и значително постудено време. Очекуваме чести врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, поројни и проследени со грмежи.

Најмногу врнежи ќе има за време на викендот и во почетокот на следната недела, кога од исток и североисток ќе навлезе постуден воздух што ќе ги намали дневните температури и за повеќе од 10 степени.

Во Скопје и околината, особено во петок, викендот и почетокот на неделата, ќе има периоди со пороен дожд и засилен југоисточен ветер, најизразен долж Повардарието.

Локално може да наврнат над 25–30 литри дожд на метар квадратен. Дневните температури ќе се движат меѓу 13 и 20 степени, а утринските ќе се спуштаат до 5–14 степени.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови (над 2000 м) викендов и во текот на следната недела да паднат и првите снегулки за оваа сезона.