Двојно убиство во Цетиње. Ликвидирани членови на Шкаљарскиот клан

0
38

Во селото Угња, во општина Цетиње, полицијата пронајде две безживотни тела, потврдувајќи дека станува збор за Стефан Белада и Андрија Ивановиќ. Според информациите од полицијата, жртвите биле поврзани со познатиот криминален Шкаљарски клан.Убиствата се случиле со огнено оружје, а телата на Белада и Ивановиќ биле откриени во возило паркирано на локален пат, на само 250 метри од главниот пат Цетиње-Будва. Полицијата веднаш започна со интензивна истрага за расветлување на случајот, а во соопштението се наведува дека инцидентот е пријавен до државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.