Две куќи и седум кубика дрва гореа во Љуботен кај Штип

0
60

Две куќи и седум кубика дрва изгаснаа штипските пожарникари во селото Љуботен кај Штип. Ангажирани беа повеќе возила и пожарникари од ТППЕ Штип.

Во гаснењето на пожарот голем придонес имаат и сопствениците и вработените на фирмата Бистрен од село Љуботен кој ги вложиле сите технички ресурси за пожарот да биде совладан.

Причината за пожарот според првите информации е човечки фактор. Извори на Тв Стар велат дека во прашање е лице за кое имаат сомнеж дека го подметнал пожарот.