Познатиот српски пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ синоќа доживеале тешка сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Генекс и Белградската арена.
Двојката се враќала од музичка промоција на новата песна на Тијана Матиќ, сестрата на Катарина, кога нивното возило било вклучено во страшен судир со автобус.
Според достапните информации, возилото што го управувал Лазиќ било целосно згмечено, што укажува на силината на ударот. Катарина се наоѓала на совозачкото седиште во моментот на несреќата.
Очевидци и извори од терен велат дека веднаш по несреќата, на лице место пристигнала итна медицинска помош, а и двајцата биле итно пренесени во Војномедицинска академија (ВМА).
– И двајцата беа свесни, но со сериозни повреди. Дарко беше заглавен во возилото, мораше да се сече вратата за да го извадат, пренесуваат српските медиуми.
Во моментов, Лазиќ и неговата сопруга се под лекарски надзор, а нивната состојба е стабилна, но бара внимателно следење.


