Хулигани и гости на ресторан се степале сред Белград — летале столици и шишиња

0
47

Група хулигани ноќеска нападнала гости на ресторан во центарот на Белград, а во инцидентот биле оштетени повеќе угостителски објекти, објави српски Блиц.

Група странци седеле на маса во еден од рестораните кога им пришла група хулигани и по кратка вербална расправија започнала физичка пресметка.

Според зборовите на еден од вработените во ресторанот, кој сведочел за настанот, избувнала масовна тепачка и општ хаос.

— Не се знаеше кој со кого се тепа, на сите страни летаа столици и шишиња — изјавил тој.

Тој додал дека гостите на една маса биле странци, облечени со маици со обележја на некаков спортски клуб. Одеднаш пристигнала група од дваесетина хулигани, ги опколиле, започнале расправија, а потоа и тепачка.

— Настана вистински хаос. Се разбегаа пред да пристигне полицијата — објаснил работникот.

Голем број полициски службеници биле на местото на настанот. По интервенцијата, нередот бил ставен под контрола, а гостите се разотишле.

Се шпекулира дека во инцидентот учествувале навивачи на Црвена звезда и на шкотскиот Селтик, кои во текот на денот престојувале во Белград и го обиколувале центарот на градот. Потсетуваме дека во главниот град пристигнале и навивачи од повеќе европски градови — меѓу кои Белфаст, Даблин, Корк, Голвеј и Прага — па се претпоставува дека евентуалните судири би можеле да бидат поврзани со нивното меѓусебно движење и собирање,