Уставниот суд ќе ја разгледува одлуката на Владата за бројот на советници во општините

0
64

Уставниот суд ќе ја разгледува одлуката на Владата за бројот на советници во општините

Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува иницијативите за одлуката на Владата со која е утврден бројот на членовите на советите на општините.
За ова прашање се поднесени три иницијативи.

Првата ја поднесе Скендер Реџепи, кој тврди дека Владата ја донела одлуката без законско овластување, со што се создава правна несигурност. Според него, бројот на членовите утврден со одлуката не е во согласност со член 34 од Законот за локална самоуправа и не е јасно врз кои податоци е базирана.

Втората иницијатива е на Ќенан Алија, кој смета дека одлуката е спротивна на членови од Уставот и од Законот за локална самоуправа, бидејќи извршната власт не може да го определува бројот на советници на начин различен од официјалните податоци на Пописот 2021.

Третата иницијатива ја поднесоа Блерим Беџети и Сали Мурати од пратеничката група „Европски фронт“. Тие наведуваат дека одлуката се темели на правно спорни методолошки основи, бидејќи Уставниот суд веќе укинал делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година, на кои, според нив, се заснова и владината одлука.