Судот во Стразбур го прифати случајот на српскиот студент, Богдан Јовичиќ, кој штрајкуваше со глад

0
64

Случајот со студентот Богдан Јовичиќ доби интернационална димензија – Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи да ја земе во предвид молбата поднесена од неговиот правен застапник, пренесе белградски „Данас“.
Тој весник на својата интернет страница информираше дека се очекува судот мошне бргу да пресуди за прелиминарната мерка.
Весникот објави дека судијата во случајот „Јовичиќ против Србија“ денес му испратил писмо на Јовичиќ, во кое го поттикнува да го прекине гладувањето додека трае постапката на одлучување, и дека Јовичиќ постапил по неговиот совет.