Позитивната листа на лекови ќе се ревидира двапати годишно, најавува Алиу

0
64

Листата на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Оваа најава доаѓа заедно со промоцијата на нов електронски модул кој ќе го дигитализира и транспарентно ќе го прикажува целиот процес.
Министерот Алиу истакна дека новиот „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови“ е прв чекор кон дигитализација на постапката за ставање лекови на позитивната листа.
„Еден од начините за да имаме нов лек на позитивната листа е да се оптимизира процесот и процедурите за да тоа се направи. Со овој систем ние фактички овозможуваме лесен и транспарентен пристап за нов лек на позитивната листа“,рече Алиу.