Пожар во двор на куќа кој се проширил кај комшии во Свети Николе и лозов насад опожарен на „Дузлачки рид“ во Штип. Противпожарните екипи реагирале експресно и во двата случаи

0
42

„На 23.09.2025 во 10:31 часот во ОВР Свети Николе, Н.Т.(40) од Свети Николе пријави дека околу 10:00 часот во дворот од семејната куќа запалила смет, при што огнот се проширил на соседната парцела и биле опожарени лозов насад, дел од кровна конструкција од помошен објект и насади со дрва, сопственост на Ѓ.Ѓ.. Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе биде понесена соодветна пријава.

На 23.09.2025 во 11:40 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 11:20 часот на место викано „Дузлачки рид“ во Штип бил опожарен лозов насад, во сопственост на 72-годишната Љ.Т. од Штип. Повредени ица нема. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.“, стои во соопштението на СВР Штип.