Пожарите на Кожуф, Добра Вода и Малино сеуште активни. Гори букова и дабова шума

0
49

До 07:00 часот на 24 септември 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 29 пожари, од кои:

Активни пожари (3):
• Кожуф планина, Општина Гевгелија (букова шума)
• Планина Добра Вода, над с.Бенче, Општина Македонски Брод (дабова шума и папрат)
• с.Малино, Општина Чучер Сандево (мешана шума)
Пожари под контрола (3):

• с.Виниче, м.в.Муратица, Општина Гази Баба (нискостеблеста шума)
• с.Батинци, Општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума)
• Градска депонија Острец, Општина Делчево (ѓубре)

Останува вниманието насочено кон активните жаришта, додека надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.