Синоќа е убиен Зоран Гргиќ 62 годишен поранешен политичар на ХДЗ и пратеник од почетокот на 2000-тите. Гргиќ бил и член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент и имал голем број локални политчки функции.
Убиството е извршено откако претходно жртвата и неговиот убиец цел ден се дружеле кај таткото на 30 годишниот убиец, потврдува Јутарњи.


