ДИК денес преку жрепка ќе го утврди редоследот на кандидатите и распределбата на билборди за Локалните избори

0
44

Државната изборна комисија денеска ќе одржи жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите и распределбата на билбордите за Локалните избори 2025.

Кампањата ќе трае од 29 септември до 17 октомври, а првиот круг гласање е закажан за 19 октомври, додека вториот за 2 ноември. ДИК потврди 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 за советници, а дел од нив сè уште се во постапка за отстранување неправилности.

Според правилата, партиите и кандидатите ќе можат да користат најмногу половина од вкупниот број билборди на територијата на општините и Град Скопје.