ДИК ги утврди броевите за Локалните избори 2025

0
83

Државната изборна комисија денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место, ЗНАМ е со број 2, Левица под број 6.

Изборната кампања започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.