Вистинска „сапуница“ во Виница. 29-годишна вчера пријавила напад од поранешниот сопруг и закани кон нејзе и нејзиниот нов партнер. Денес поранешниот продолжил со агресијата и повторно ги нападнал и им се заканувал

0
40

„На 23.09.2025 во 23:30 часот во ОВР Виница, 29-годишна жена од Виница пријавила дека околу 21:30 часот во Виница од страна на нејзиниот поранешен сопруг С.И. од Виница, на неа и на нејзиниот партнер Б.М. им биле упатени закани при што Б.М. бил физички нападнат од С.И. Исто така денеска (24.09.2025) во 00:40 часот во ОВР Виница, и Б.М. пријави дека бил физички нападнат од С.И., а притоа кон него и неговата партнерка им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во соопштението на СВР Штип.