Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, а во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати.
Во Хонг Конг, патиштата се празни откако властите ги предупредија жителите да останат во своите домови. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар се поплавени.
Се очекува супертајфунот да го задржи својот интензитет на патот кон брегот на кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе. Властите на Гуангдонг евакуираа повеќе од 770.000 луѓе, објави државниот радиодифузер CCTV.
Рагаса пред два дена го опустоши северот на Филипини, а Тајван вчера. Во округот Хуланиен, во источниот дел на островот вчера загинаа 14 лица, а повеќе од 100 се водат за исчезнати, откако таму се прелеа бариерно езеро, соопшти противпожарната служба.
Властите предупредија на зголемување на нивото на морето, споредливо со тајфунот Хато во 2017 година и тајфунот Мангхут во 2018 година. И двата тајфуни предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.
Превземено: Вечер


