Бугарија ќе го раскине договорот за транзит на руски гас следната година. Ова беше јасно ставено до знаење со зборовите на премиерот Росен Жељазков, кој е во САД за да учествува на Годишната сесија на Генералното собрание на ОН.
„ Ние, како дел од Европската Унија, ќе се придружиме на одлуките на Унијата за суспендирање, на краток рок – 2026 година, на договорите за користење или транзит на руски природен гас“, а на долг рок – до 2028 година, тој треба целосно да биде исклучен од бугарскиот енергетски пазар, рече бугарскиот премиер


