Хрватска – За првпат, повеќе лекари се вратиле отколку што заминале, платата ги влече!

0
51

Се чини дека значителното зголемување на платите и подобрата финансиска состојба на лекарите во хрватските болници е добра вест за тамошното здравство. Според новите податоци од Хрватската лекарска комора, во земјата моментално има околу 16.800 лекари. Од 2013 година и влегувањето на Хрватска во ЕУ, околу 1.500 лекари заминале во странство. Сепак, во изминатите две години, сè помалку од нив си одат, а сè повеќе се враќаат, пишува „Даница“.