Хонг Конг се подготвува за најсилниот тајфун за годинава – затворени се училиштата и откажани се околу 700 летови

0
33

Властите им делат вреќи со песок на жителите, а граѓаните складираат храна, што доведе до големо зголемување на цените на зеленчукот. Сепак, и покрај најавената бура, најавите се дека берзата во Хонг Конг ќе остане отворена
Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун за оваа година. Затворени се училиштата и откажани се околу 700 летови.
Последиците од тајфинот кога ги погоди

Тајфунот Рагаса, со ветрови до 220 километри на час, се приближува кон јужната кинеска покраина Гуангдонг, соопшти Хонгконгшката опсерваторија, која објави дека планира да го зголеми предупредувањето за тајфун на ниво осум, што претставува воедно и такво највисоко ниво.
Се очекуваат ветрови со сила на ураган и обилни дождови, а нивото на морето да се зголеми и до пет метри, што се споредува со разорните тајфуни Хато во 2017 година и Мангхут во 2018 година.

Властите им делат вреќи со песок на жителите, а граѓаните складираат храна, што доведе до големо зголемување на цените на зеленчукот. Сепак, и покрај најавената бура, најавите се дека берзата во Хонг Конг ќе остане отворена.
Кинеските власти во Гуангдонг и другите јужни провинции активираа мерки за заштита од поплави, додека Макао и Шенжен ги затворија училиштата и подготвија засолништа. Тајван евакуираше повеќе од 6 000 луѓе од загрозените подрачја, а издадено е и предупредување за копнен и морски сообраќај.
Рагаса вчера го погоди северниот дел на Филипините. Моќната бура предизвика бранови што надминуваат три метри.

Во Кина, властите се подготвуваат да евакуираат 400 илјади луѓе од ниските и крајбрежните области на Шенжен. Во северниот дел на покраината Гуангдонг се откажува и возниот ред на Железницата.( објави 360степени.мк)