Србија: Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат кривична одговорност од 12 години

0
70

Семејствата на убиените деца и домарот од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград најавија иницијатива за намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.

Тие бараат и воведување одговорност за родителите кои со негрижа или поттикнување придонесуваат нивните деца да извршат тешки кривични дела, како и можност помладите полнолетници да добијат доживотен затвор. Според нив, ваквите промени ќе испратат јасна порака дека насилството нема да остане неказнето.