Денеска времето во Македонија ќе биде наутро свежо, а во текот на денот сончево и топло, со слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури се движат од 6 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 27 и 33 степени. Во Скопје, дневната температура ќе се искачи до 33 степени, со слични услови – сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.
Претежно сончевото и топло време ќе се задржи до среда. Од четврток попладне се најавува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а во петок и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот.


