Невини навики што може ве чинат скапо. Нови правила за возење во Грција

0
30

Примената на новиот Закон за сообраќај кај јужниот ни сосед води до строг надзор и казни дури и за најневините возачки навики, кои се следат од властите.
Иако многу од правилата не се нови, досега не се применуваа строго, а голем број возачи ги игнорираа, објави Днес.бг.

Чудни забрани за кои ретко кој знае:

Кеси со намирници на задното седиште
Поставување на лабави предмети во кабината на автомобилот е забрането. Дури и едно обично сопирање може да претвори кутија или кеса во опасност. Сите предмети мора да бидат сместени во багажникот.

Дебели јакни при возење
Изгледа невино, но ја ограничува слободата на движење на возачот, намалувајќи го времето за реакција. Затоа возење со дебела јакна е забрането.

Закачени алишта
Забрането е закачување облека или предмети кои ја ограничуваат видливоста

Капуљача и папучи
Возачите кои носат капуљача или папучи се соочуваат со казни.Се смета дека овие предмети ја намалуваат контролата врз воланот и педалите – со тоа и безбедноста во возењето.

Кафе во рака
Да, држењето шолја кафе за време на возење веќе се смета за прекршок. Едната рака се трга од воланот, а доколку се истури, постои ризик од одвлекување на вниманието на возачот.

Мобилен телефон на шофершајбната
Употребата на мобилни телефони е забранета подолго време, но сега е забрането и нивно монтирање на шофершајбната, дури и ако не се користат, бидејќи тоа го ограничува видното поле на возачот.

Сирена и пречекорување на брзина
Непотребното користење на сирената и пречекорувањето на брзината на семафорите се сметаат за прекршоци што водат до казна.

Со построга примена на новиот Закон за сообраќај, дури и овие чудни правила можат да доведат до казни. Контролите за сообраќај во Грција се засилени и веќе нема простор за ситни прекршоци.