Најдобрите кадри од Факултетите ќе имаат шанса да бидат дел од МВР, најави Тошковски

0
43

На 16-тата меѓународна научна конференција која се одржа во Скопје, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави меморандуми за соработка со Факултетите од државата чии најдобри кадри ќе имаат можност да ја започнат и продолжат кариерата во институции поврзани со безбедноста на државата и МВР.

 „Согласно новиот Закон за внатрешни работи, ќе можеме со сите универзитети кои таргетираат на безбедноста да потпишеме меморандум, со кој најквалитетните кадри ќе можат да станат дел од безбедносните институции, таму каде што им е местото. На ваков начин најуспешните студенти, оние кои дале максимум од себе во текот на студиите, ќе добијат мотив и можност да се вклучат во институциите што се темел на една современа демократска држава“, истакна Тошковски.