Неколку реки се излеаа од своите корита во Италија по обилните врнежи. Во неколку општини, како градот Кабиате помеѓу Милано и езерото Комо, водата на улиците достигнувала до колена.
Страшен сценарио заканува на Европа: започнуваат прекини на струјата, банките престануваат со работа, се шири хаос…
Во регионот се појавија и лизгања на земјиште. Неколку железнички линии се прекинати, а метеоролозите предвидуваат повеќе дожд во следните два дена.
Спасувачките тимови со хеликоптери им помагаат на луѓето заробени во своите домови. Повеќе од десетина туристи беа спасени од кампот откако ноќта ги изненади дождот. Една жена се води како исчезната.
На социјалните мрежи се прошири драматична снимка на спасување во општина Лентате сул Севезо, каде реката Севезо излезе од своето корито.
Жена со своето 10-месечно бебе се качи на кров на автомобил за да се спаси од бујицата. Во спасувањето интервенираа Зрачните сили на Ломбардија. Спасувачите ги извлекоа користејќи витло со кое спуштија преносливо креветче и го спасиле бебето, а потоа го предадоа заедно со мајката на итните служби.
Во Лентате уште три лица беа спасени од кров на автомобил, а две постари лица беа спасени од кровот на својот дом.
Милано, главниот град на Ломбардија, исто така е погоден. Градскиот совет ги повика жителите и посетителите да бидат внимателни во близина на реката, а жителите се советувани да ги напуштат зелените површини и парковите.


