Државната изборна комисија (ДИК) досега има прифатено вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 листи за советите во општините. Од нив, само 32 кандидатури се на жени, додека дури 271 се на мажи.
Од ДИК информираат дека за дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – сè уште има листи кои се во постапка на отстранување на неправилности. Станува збор за осум кандидатури за градоначалник и 20 листи за советници.
Во меѓувреме, одбиени се пет кандидатури за градоначалници – по една за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и за Град Скопје.
Ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче ќе се одржи во четврток, 25 септември.


