Доцна синоќа силен пожар избувна во скопската населба Козле, при што беа зафатени три куќи и една помошна просторија на улицата „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.
Според информациите на МВР, пожарот бил пријавен на 23 септември во 01:48 часот. Зафатени биле објекти во сопственост на М.Б. (73), И.С. (41) и М.А. (53), сите од Скопје. За среќа, нема повредени лица.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје успеала да го изгасне огнот, а според очевидци, пожарот започнал зад една помошна просторија која се наоѓала во близина на куќите.
Во моментов екипи на полицијата и противпожарната бригада вршат увид на местото на настанот за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.


