Албанија – Министерката за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

0
75

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.
Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.
Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.