51-годишник од Пробиштип уапсен по закани со нож кон сопствената мајка и сопруга

0
63

На 21.09.2025 во 11:40 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Д.(51) од Пробиштип, по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговата мајка и неговата сопруга.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.