Онкологот доктор Мери Пешевска денеска доби алтернативна мерка условна казна од 2 години за несовесно лекување болни која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново дело.
Таа беше обвинета за несовесно лекување болни на Клиниката за онкологија и самата призна вина дека ги оставала факсимилот и лозинката од внатрешниот компјутерски систем да ги користат други специјалисти и специјализанти на Клиниката.
Поради тоа, според Обвинителството на 7 пациенти кои сега се покојни им биле препишувани лекови и терапии од кои им се влошило здравјето, пренесува Слободен Печат.


