Унгарец одгледал тиква од 832 килограми Тој е петкратен победник на натпреварот „Денови на тиквата“ во Кикинда

0
67

На манифестацијата „Денови на тиквата“ во Кикинда, Србија измерена е тиква од дури 832 килограми.

Оваа тиква растела во стаклена градина околу 100 дена, под будното око на сега веќе петкратниот шампион, Унгарецот  Тибор Кокај, кој е земјоделец од околината на Будимпешта.

Второто место го освои сопругата на победникот Мелинда, со бројка од 799,5 килограми, додека третопласираната тикваа ја негуваа учениците и професорите од Земјоделското училиште во Бачка Топола.

Златниот медал во долги категории на тикви отиде кај минатогодишната победничка Гордана Лазиќ, чија тиква го растегна метарот на судијата на 295 сантиметри.