Холивудскиот актер и мајстор на боречки вештини, Стивен Сегал, повторно е во Србија, каде што снима филм „Order of the Dragon“ на режисерот Вјекослав Катушин.
Слободното време го искористи за да обиколи повеќе градови, а неговата посета предизвика големо внимание кај јавноста.
Сегал престојуваше во Врњачка Бања, додека во Сопот сврти до Центарот за култура, каде што се наоѓа споменикот на легендарниот Велимир Бата Живојиновиќ.
Фотографијата на која славниот актер позира покрај споменикот веднаш беше објавена на Инстаграм страницата посветена на филмски великан и предизвика бројни реакции.


