Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор нарудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн,кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијатаЦентрал Азија Металс (CAML).
Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународноработно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничкаекспертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи раководнифункции во повеќе рударски проекти низ светот.
На пример, во компанија во Саудиска Арабијараководел со техничките функции на шест рудници и постигнал значително подобрување наоперативните перформанси. Како технички директор во компанија во Австралија предводел тим од над30 инженери, геолози и геодети кои управувале со три подземни рудници за бакар, а ја извршувал ифункцијата главен оперативен директор на компанија која управува со неколку подземни рудници ипостројки за преработка на руда, исто така во Австралија.
Како генерален директор на Рудник САСА, Караматиќ ќе раководи и ќе биде одговорен за целокупнотоработење на САСА, обезбедувајќи ја на тој начин реализацијата на краткорочните и долгорочните стратешките цели кои се темелат на безбедно, ефикаснои одржливо производство. Меѓу другото, тој ќе биде одговорен и за надгледување на финалната реализација на капиталните проекти и продолжувањето на транзицијата кон нови рударски методи, кои треба да обезбедат понатамошен развој и технолошки напредок на рудникот.
„Импресиониран сум од сè што досега го видов во САСА, почнувајќи од професионалноста, стручноста и посветеноста на тимот, до постигнатите резултати во областа на безбедноста, условите за работа и благосостојбата на вработените, како и севкупниот технолошки напредок и односот кон животната средина. Имам исклучително позитивен прв впечаток. Сметам дека САСА е во одлична позиција да продолжи со идниот одржлив развој и верувам дека со заедничка работа со тимот на САСА и поддршката што ја добиваме од Централ Азија Металс, ќе продолжиме и понатаму да ја унапредуваме нашата целокупна работа, на начин кој создава вредност за сите – за вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница и националната економија“, изјави Џејми Караматиќ, по неговото назначување на функцијата.
Караматиќ добро го познава регионот, со оглед на неговите семејни корени кои потекнуваат од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Пoкрај успешната професионална кариера, тој е пасиониран велосипедист на долги патеки, риболовец и посветен татко на двајца синови, соопштуваат од рудникот “САСА”.


