Полициски службеници спасија повредено лице на Шар планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза”

0
87

На 21.09.2025 полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар.

Веднаш по добиената пријава дека на Шар планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатија на местото на настанот и повреденото лице е успешнот преземено и транспортирано до Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.