Панамскиот „вонземјанин“ на Тикток – Луѓето гледаат и веруваат во она што сакаат

0
97

Последниве недели интернетот и ТикТок се возбудија околу наводен „вонземјанин“ во Панама, прикажан од корисникот @kinpanama. Тој објави видеа со карпест предмет од кој се развива чудна желатинозна материја што личи на суштество од научно-фантастичен филм. Дел од гледачите предлагаа научни објаснувања, други мислеа дека е билка или хемиска материја, но повеќето беа едноставно фасцинирани.

Иако многумина тврдат дека е измислица, видеата станаа хит. Креаторот самиот ја разви приказната така што „суштеството“, наречено K-25, на крај го „ослободил“ во Панамскиот Метрополитен природен парк, повикувајќи луѓе да го посетат. Во другите пораки зборува за уништувањето на планетата: „Зошто велат дека тој ќе ја уништи Земјата? Ние самите тоа го правиме.“

Пред „вонземјанинската“ приказна, @kinpanama објавувал клипови со неговото куче и со природата на Панама, како и видеа против загадувањето. Само неколку дена пред „метеоритот“ покажа поток преполн со ѓубре со пораката: „Панамци, бидете свесни што правите.“

Така станува јасно дека зад „K-25“ се крие порака: да се обрне внимание на уништувањето на природата. Наместо да се плашиме од измислени суштества, треба да се загрижимe за реалната штета врз планетата.

Иако за некои ова изгледа како забавна фантазија или начин за добивање следбеници, вложениот труд покажува дека постои и искрена грижа за животната средина. Панамскиот „вонземјанин“ е огледало на денешното општество – луѓето гледаат и веруваат во она што сакаат, додека реалните проблеми остануваат настрана. (преземено колумбиаоне.ком)