Земјотрес почувствуван во делови од Македонија

0
62

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека утринава, во 03:20 часот, телеметриската сеизмолошка мрежа регистрирала земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот имал локална магнитуда од ML5.0 по Рихтеровата скала. Според првичните податоци, потресот бил почувствуван во југоисточните делови од државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).

Нема информации за штети или повредени лица.