За половина денар поскапува дизелот од полноќ

0
46

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на дериватите од ноќеска. Со новата одлука, дизелот поскапува за половина денар од литар и новата цена изнесува 69.5 денари, додека останатите деривати остануваат со исти цени.