Атина денес е на работ на парализа откако таксистите најавија 18-часовен штрајк во знак на протест против новите одлуки на грчката Влада. Според синдикатот, владината одлука „отворила пат за неконтролиран влез на големи приватни компании во јавниот превоз“, што возачите го доживуваат како закана за нивниот животен и работен стандард.
Протестот го организира Синдикатот на таксистите од Атика (SATA), кој најави дека членовите ќе присуствуваат на генералното собрание во понеделник.
Граѓаните се соочуваат со ограничувања во превозот низ целиот град, а многумина се прашуваат колку долго ќе трае кризата.


