Милорад Додик изјави за време на одбележувањето на 81-годишнината од операцијата Халјард во Бољаниќ кај Добој дека српскиот народ во Република Српска не сакаат да живеат со муслимани.
„Никогаш не сме сакале. Ослободете нè од Кристијан Шмит. Овој народ сака да живее слободно и да ги избира своите претседатели. Српскиот народ е народ на слободата“, смета Додик.
„Американската политика треба да ги прифати фактите. Затоа очекувам дека сè ќе постигнеме преку дијалог“, заклучи Додик, кој на почетокот повика на минута молчење за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк.


