Kaвадарчанец ја следел жената со GPS, ја тепал и се заканувал со нож

0
51

Во Кавадарци, 36-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг, М.Б. (35), во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. Таа дополнително изјавила дека во нејзиното возило пронашла ГПС локатор, кој сопругот го поставил за да ја следи.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, по пријавата бил извршен службен разговор со осомничениот, а локаторот бил одземен. На М.Б. му е изречена мерка – забрана за приближување.

Случајот е предаден на понатамошна постапка.

Превземено: Утро.мк