Големата воена парада „Моќта на единството 2025“ започна денес во 11 часот пред Палатата на Србија во Белград. На парадата учествуваа повеќе од 10.000 припадници на српските вооружени сили, како и 70 различни авиони, 600 борбени возила и околу 20 пловила. На парадата присуствува претседателот и врховен командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ, како и голем број гости од целиот свет. – Никој во светот не може да ја прегази Србија. – Не можете да ја зачувате стабилноста, безбедноста и мирот со слабост. Тие се зачувуваат со сила. За нас, тоа е начин да преживееме – изјави Вучиќ.


